На ден 14 октомври, 2022 на кампусот на МСУ во Битола се одржа обука на тема „Организација на мобилни градилишта“. Предавачи на обуката беа Предраг Зариќ, претседател на Здружение за заштита при работа во Битола со темата „Предизвици при организацијата на мобилни градилишта“ и Тони Наумовски, државен инспектор за труд со темата „Практичен пристап при вршење на инспекциски надзор“.
Сите учесници добија сертификат за учество додека учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа добија потврди со кои ќе можат да се стекнат со 10 бода од Државен инспекторат за труд.