Меѓународен Славјански Универзитет е единствен универзитет кој има свој клуб во женската ракометна Супер лига.
Денеска три ракометарки потпишаа договор со нашиот клуб и со тоа станаа стипендистки на МСУ на Факултетот за правни науки, Факултетот за економија и организација на претприемништво и на Факултетот за психологија.
Марија Галевска доаѓа од екипата на ЖРК Вардар, Јована Ангеловска доаѓа од екипата на РК Кузман Илинден и Ивана Станчева од екипата на ЖРК Шампион.
На фотографиите се трите наши ракометарки и стипендистки.