Борис Зарков, Нонна Благова, и проф. Валентин Василев од Висока школа за безбедност и економика – Пловдив, Бугарија, деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен/административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (14 март 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.
Гостите го посетија и Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино во Свети Николе.