Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ за прв пат на нашиот Универзитет воведува обука за CNC програмери и оператори, која може да ја слушаат и посетуваат не само студентите на факултетите за информатика, туку сите што се заинтересирани да ја совладаат оваа програма.
Обуката ќе започне на 15 јануари 2022.
Целата обука ќе трае 50 часови – предавања и вежби кои ќе се реализираат два пати неделно во траење од 3 часа. Предавањата ќе се реализираат во сабота и недела од 18:00 часот.
Вкупно 30 часови ќе бидат посветени на 3D моделирање и 20 часови ќе бидат посветени на работење со CNC машини. Еден час е 45 минути.
Работилницата ќе ја води проф. д-р Хаџиб Салкиќ (Viber: +387 61 792 779).
Секој чекор на 3D моделирањето се работи практично чекор по чекор како и работењето на CNC машината, подготвување на работните простории, поставување на алатот, затегнување на предметот, безбедноста околу работењето на машината и префрлање од G кодот на Control Panel MACH 3 програм и останати видови опслужување на машината.
Теоретскиот дел од обуката се одвива онлајн.
Цртањето и дизајнирањето се работи во SolidWorks, моделирање на 3D се работи во ArtCAM, а софтверот за работа на машината е MACH3. Машината е со основни 3 оски – x, y и z и дополнителна четврта оска (ротациона).
Практичниот дел се состои од пуштање на машина и изработка на модел. Секој кандидат изработува посебен 3D модел. Практичниот дел ќе се одржува на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, во просториите на CNC академијата.
По успешно завршениот курс учесниците добиваат диплома/сертификат на македонски и германски јазик.
Цената на обуката е 400 евра.
Уплатата може да се направи онлајн на нашата веб страница.
Доколку сакате да направите уплата на трансакциска сметка, уплатата можете да ја направите на следната сметка: 200002690444081 (Стопанска банка) – Институт за инженерска економија – Свети Николе со назнака за ЦНЦ обука.
За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја следнава апликација:
Пријавувањето е затворено.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |