Втора година по ред настанот „Денови на психологијата на МСУ“ се одржа целосно онлајн преку платформата Zoom и беше бесплатен за сите учесници. „Деновите на психологијата на МСУ“ се организираат по иницијатива на доц. д-р Ана Чучкова. На настанот кој ќе се одржува во два дена има пријавено околу 2500 учесници, а на првиот ден учество земаа над 800 учесници. На секое од предавањата имаше во просек по приближно 500 учесници – студенти, наставници, професори, психолози, љубители на психологијата…
Програмата на настанот е распоредена во два дена:
Во недела продолжуваме во 17:00 часот со нови теми и тројца предавачи. Во прилог е линкот за вториот ден.
Денови на психологија се нашиот најголем онлајн настан и им се заблагодаруваме на сите учесници кои помогнаа да се создаде вистинската атмосфера за споделување на знаења, идеи, ставови. Денешниот настан се состоеше од трибина и од 4 предавања. Се дискутираше на повеќе теми од областа на психологијата.
На трибината на тема „Преиспитување на личниот концепт за доброто и лошото во време на кризи“. На трибината учествуваа:
1. М-р Атанас Иваноски зборуваше на тема „Самопочит и безусловно прифаќање на себеси, другите и светот“.
2. Доц. д-р Атанас Кирјаковски говореше на тема „Умот во ерата на дигиталните медиуми“.
3. Марија Младеновска Димитровска зборуваше на тема „Психолошко советување и психотерапија – сличности и разлики“.
4. Проф. д-р Мирослав Пендароски зборуваше за „Метод на линија на помал отпор во работа со соништа“.
На паузите имавме онлајн библиотека – аудио верзии на книги од нашата издавачка куќа, Меѓународен центар за славјанска просвета со актерот Марјан Ѓорѓиевски. Имавме и Инстаграм giveaway за учесниците кои споделија приказна (story) на Инстаграм. Добитниците ќе бидат објавени во понеделник..
Како што беше најавено, сите учесници ќе добијат електронски сертификати за учество за секој ден посебно.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |