Денес пред спомен-обележјето на улицата „9 Мај“ во Општина Центар делегација во состав проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при МСУ и доц. д-р Габриела Крстевска, претседател на Научен совет на Институтот за култура и уметност при МСУ присуствуваше на свечената церемонија по повод 76 години од Големата Победа и завршувањето на Втората светска војна.
Настанот беше организиран од Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Општина Центар.
На настанот зедоа учество делегацијата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија предводена од Н. Е. Амбасадорот Сергеј Баздникин, претставници на Владата, членови на дипломатски претставништва во земјава, градоначалниците на Општина Центар, град Скопје и Оштина Кисела Вода, Почесните конзули на Руската Федерација во Битола и Охрид, вработени во ЛУКОИЛ Македонија, Рускиот Центар, руски сонародници…