од Студентски блог – студентски размислувања
Инспирацијата да пишувам на оваа тема, потекнува од мене самата, од она што ги закачи канџите за моето „јас“, како мршојадец. Константната желба да се направат другите среќни по цена на својата среќа, со цел да не ги разочараме, да им угодиме, да не ги налутиме (а притоа плашејќи се и да не ги изгубиме) може да биде исцрпувачка. Алтруизмот без граници значи самоуништување. Со текот на настаните животот повеќе не се доживува како „свој“, туку напротив, како да сме контролирани на различни нивоа од другите. Не можноста да се каже „не“ е знак на пасивен стил на комуникација, што е модел на избегнување да се изразат своите вистински чувства и потреби, а тоа несвесно води кон вознемиреност, фрустарција, депресија и незадоволство. После сите реперкусии кои ги доживуваме од она што сами си го наметнуваме, сè почесто се случува подоцна да си го поставуваме прашањето „зошто не ги одбранив своите вредности?“, „Зошто не го искажав својот став?“. Не се чувствуваме добро во сопствената кожа, а сепак го повторуваме истото одново и одново и ни се чини како дежа ву. Кога кажуваме „не“, ние велиме „Ова сум јас. Јас се почитувам себеси и одлучувам што ќе правам со мојот живот“. Зборот „не“ е инструмент на интегритет и штити од експлоатација на одреден начин. Честопати е потребна храброст да се каже. Можеби е потешко и да се слушне. Но, кога на другите им кажувате „да“, себеси си кажувате „не“, а поставувањето граници на своевиден начин е она што нè ослободува. Не сме свесни дека доволно е само да се каже едно толку едноставно зборче – „не“, бидејќи тоа е неприкосновено право на секој од нас. Можеби првиот чекор е да се научиме да го кажеме, но, потежок чекор е и вистински да останеме доследни на тоа „не“. Доколку и Вие сте дел од овој „клуб“, не чувствувајте се безнадежно, очигледно е дека нè има многу. За сè е потребно време, и многу трпеливост. Некои психотерапевти како Сидни Коен, Џули Бјеланд, Кени Вајс и Недра Тавуаб, предлагаат начини да се извежба асертивноста. Понекогаш самото изговарање на ова зборче составено само од две букви кое е навидум лесно како пердув, а сепак толку тешко, може да направи психичка блокада и затоа е многу помудро сите да користиме друга алтернатива за овој збор. Да се научиме да бидеме директни, да не одолговлекуваме и да си останеме доследни на тоа. Да помислиме трезвено на последиците доколку прифатиме нешто што не сакаме. Учтиво да се заблагодариме (Благодарам на поканата, но нема да можам да дојдам, или нема да можам да го направам тоа). Најдобриот начин е да имаме свој предговор, (Навистина ми е тешко да те одбијам, но…). Објаснете ја и причината (Не можам да ти помогнам, бидејќи…). Сето ова проткаено со нашите вистински чувства и со благ и смирен тон сигурна сум дека вродува со плод – меѓусебно разбирање и почитување на одлуките. Да си олесниме себеси и на другите, да ги земеме конците на сопствениот живот во свои раце и да започнеме со собирање на плодови, дури не сме дозволиле некој да ни ги украде или да се уништат од стоење без промена! Време е да научиме дека ќе има и такви кои нема да сакаат да ги почитуваат нашите граници и на тој начин ќе ни стане јасно кому вреди да му дозволиме да влезе во нашиот живот, а кому ќе му направиме патека покрај нас, за да помине без да нè повреди.
Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.
*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |