Годинава за првпат настанот „Денови на психологијата на МСУ“ се одржа целосно онлајн преку платформата Zoom и беше бесплатен за сите учесници. „Деновите на психологијата на МСУ“ се организираат по иницијатива на доц. д-р Ана Чучкова. Настанот го отвори деканката на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин проф. д-р Анита Ристеска, а имаше пријавено околу 1400 учесници. На секое од предавањата имаше во просек по околу 500 учесници – студенти, наставници, професори, психолози, љубители на психологијата…
Ова беше нашиот најголем онлајн настан досега и им се заблагодаруваме на сите учесници кои помогнаа да се создаде вистинската атмосфера за споделување на знаења, идеи, ставови. На денешниот настан се дискутираше на повеќе теми:
1. Доц. д-р Ана Чучкова со отворена трибина на тема „Самодовербата и мотивацијата кај лица од 16 до 25 годишна возраст. Предизвици во нивниот развој, некогаш и сега.“
2. Проф. д-р Нина Коваљ од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ (Русија) на тема „Модна психологија“ (превод на македонски Маргарита Ставровска и помлад соработник Николај Уточкин).
3. Проф. д-р Даниела Тасевска од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (Бугарија) на тема „Психологија на здравата личност“ (превод на македонски м-р Никола Ристевски.
4. Проф. д-р Сашо Манасов со предавање на тема „Современа психологија: центар на синергетско опкружување (моќен извор на креативна енергија). Современи трендови во психологија: невропсихологија, невромаркетинг, компјутерска психологија. Холистичко разбирање на човечката когниција и однесување.
5. Проф. д-р Марија Котевска-Димовска со предавање на тема „Емоционалната интелигенција и личните потенцијали.
На паузите имавме онлајн кафе дружба со актерот Марјан Ѓорѓиевски кој ни сподели свои видувања за психологијата и театарот. Имавме и giveaway и како изненадување сите кои споделија приказна (story) на Инстаграм и Фејсбук ќе добијат на подарок по едно издание од нашата издавачка куќа Меѓународен центар за славјанска просвета.
Како што беше најавено, сите учесници ќе добијат електронски сертификати за учество.