Денес на МСУ го одбележуваме Светскиот ден на менталното здравје! Во тек на оваа година сите ние се соочивме со посебен предизвик да се прилагодиме на живеењето со пандемија која го зафати целиот свет.
Корона вирусот е ризичен за нашето физичко здравје, но исто така и има влијание на нашата ментална добросостојба. Промените кои ни се случија и се уште ни се случуваат несомнено влијаат на тоа како размислуваме, како се чувствуваме и како се однесуваме.
Поради тоа, денес сакаме да потсетиме дека грижата за менталното здравје е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје. Направете ја грижата за здравјето Ваш приоритет, овој ден и секој нареден!