Во периодот од 9-ти до 14-ти септември, во Китен (Бугарија) се одржа Осмиот меѓународен фестивал за студенти «Друзья, прекрасен наш союз!». Студентите од нашиот универзитет оваа година по петти пат земаа учество на фестивалот на кој имаа можност да го изучуваат рускиот јазик, но и да ги развиваат своите креативни вештини преку учество во различни работилници и да ја претстават македонската култура и традиција.
Фестивалот „Друзья, прекрасен наш союз!“ е организиран од Фондацијата Руски мир и фондацијата Одржлив развој за Бугарија. На фестивалот оваа година учество земаат повеќе од 250 студенти кои доаѓаат од 20 различни земји, меѓу кои се Велика Британија, Колумбија, Чешка, Хрватска, Србија, Полска, Молдавија, Романија, Германија Бугарија, Италија, Русија, Словачка, Јапонија и други.