Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола – Р. Северна Македонија ги известува сите студенти и соработници дека согласно соопштението на Министерството за труд и социјална политика и согласно со Законот за празниците на Република Северна Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 4 јуни 2019 година (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Воедно, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола – Р. Северна Македонија им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија коишто го чествуваат и го слават Рамазан Бајрам.