Интелектуалната игра #DerzhaWIN2019 е игра на вештини, знаење, креативност, способност за снаоѓање, менаџирање со времето и интелигенција, организирана од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
#DerzhaWIN2019 се одржа на 13.04.2019, на МСУ во Битола, со матуранти од повеќе градови ширум републикава.
Учениците наместо да бидат тестирани од област која досега малку ја имаат истражувано или воопшто ја немаат изучувано, тие имаа можност преку игра да ги докажат нивните досега стекнати знаења и вештини.
Наградите се стипендии на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ со можност за продолжување во наредните години.
1-во место – стипендија во висина од 1000 евра освоија Јована Михаела Цингар и Ленче Петровска
2-ро место – стипендија во висина од 750 евра освоија Дарко Христовски и Петар Змејковски
3-то место – стипендија во висина од 500 евра освоија Тијана Трајчева и Габриела Гаврилова
Најмногу десетки добија Тијана Трајчева и Габриела Гаврилова.