Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ продолжи со презентирањето на своите наставни програми пред матурантите од Куманово во СОУ „Перо Наков“, СОУ „Гоце Делчев“ и СОУ „Браќа Миладиновци“, пред матурантите од Виница во СОУ „Ванчо Прке“ и матурантите од Кочани во СОУ „Кочо Рацин“.
Со нас беа и студентките Христина Алексова и Јована Ѓорѓиева од факултетот за правни науки кои на матурантите им ги пренесоа своите искуства од факултетот.
Јована беше на размена на студенти во Русија, а на практичниот дел од наставата таа ги има посетено центарот за социјална работа, криминалистичкиот музеј, затворот во Куманово, основниот суд во Свети Николе и многу други.
„Накратко за факултетот можам да ви кажам за моето двегодишно студирање, ние ја имаме потребната литература и материјали како и дополнителни работи кои ни се потребни во текот на годините на целото студирање , односот со професорите и со сите вработени е на ниво кое ни дава слободна комуникација да разговараме во текот на предавањата. Исто така универзитетот досега ни овозможи да имаме посети неколку пати во Основниот суд во Свети Николе, како и во центарот за социјална работа, криминалистичкиот музеј во Скопје, Центарот за обука во Идризово, како и посетата во затворот во Куманово. Верувам дека и понатаму ќе имаме многу посети на други институции кои ќе ни бидат потребни во текот на студирањето. Во една реченица можам да ви кажам дека на Славјански , студентот е на прво место.“ – вели Христина.
Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, можностите за стипендии и останатите отворени конкурси.
И годинава планираме да ги посетиме сите градови во Република Северна Македонија. Следете нe’ за да дознаете кога ќе дојдеме токму во Вашиот град!
15 години Меѓународен Славјански Универзитет.