Отворен ден на Славјански во Битола
10 април 2018Наградени најдобрите оратори на Славјански
20 април 2018Денес нашиот универзитет беше домаќин на Младинскиот форум организиран од Организација на жените на општина Свети Николе. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и ЖРК Славјански Универзитет беа дел од настанот, каде ги презентираа своите успеси и достигнувања.
Младинскиот форум беше наменет за сите млади од Свети Николе и претставуваше платформа каде тие можеа да се дружат, да разменуваат идеи, да презентираат и заеднички да дебатираат за можностите, потребите и проблемите со кои се соочуваат и тоа да го презентираат пред локалните одлучувачки фактори.
Во рамките на форумот се реализираа 4 тематски работилници кои беа поврзани со следниве теми:
- младинско учество
- формално и неформално образование
- креативност и талент
- спорт и рекреација
За време на младинскиот форум повеќе локални институции и организации кои работат со млади имаа можност да се промовираат и презентираат пред присутните.