Денес матурантите од Кавадарци, Неготино, Струга, Битола и Прилеп во две смени гостуваа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола.
Учениците имаа можност да присуствуваат на четири практични работилници:
– Безбедност при работа и пожар
Учениците кои ја избраа работилницата подготвена од Факултетот за правни науки денес беа во улога на детективи и истражуваа кражба во канцеларија. Нивна задача беше да пронајдат докази со кои ќе и помогнат на полицијата да ја откријат личноста што стои позади кражбата. И двете групи „детективи“ успешно ја завршија задачата.
Работилницата од областа на безбедноста при работа и пожари ги запозна студентите со законската регулатива за заштита при работа и пожар. Беше презентирана опремата кој ја поседува нашиот Универзитет за мерење на светлина, температура, бучава, вибрации и заземјување која и самите матуранти можеа практично да ја употребат. Исто така, беше вклучен и практичен дел по предметот хемија, кој се изучува во прва година на овој факултет.
Работилницата по економија и менаџмент им овозможи на учениците да се запознаат со вештините на продавање.
Учесниците на работилницата од областа на психологијата, како и секогаш, беа најбројни. Преку низа практични вежби тие можеа да се запознаат со техниките кои ги користат психолозите во нивната работа.