На ден 15.03.2018 год. во просториите на Ликовниот салон во Велес се одржа промоција на книгата на просветниот работник Ѓорѓи Илиевски со наслов „Дебар и дебарско низ историјата“.
Тоа е дело што на читателот му дава можност да ја прочита историската репортажа составена од историски процеси и промени како што се Османлискиот период, Преродбенското движење, Македонското револуционерно националноослободително движење, како и промените и процесите што се случувале во овој град во Западна Македонија.
Промотори на книгата беа Претседателот на УО на МСУ „Г. Р. Державин“, д-р Јордан Ѓорчев и Раководителот на Институтот за историја при Филозофскиот факултет на УКИМ, проф. д-р Ванчо Ѓоргиев.
Книгата наскоро ќе може да се нарача преку интернет од официјалната веб страница на МЦСП.