Маестрална музичко-поетска вечер беше одржана во Битола, во организација на Славјанскиот универзитет по повод 180-годишнината од смртта на А. С. Пушкин.
Брилијантната Марина Коруновска од Битола, мецо-сопран, изведе вкупно 9 композиции на текст од Пушкин и музика од најпознатите руски композитори, кои беа одлично отсвирени од Андријана Думевска, како вокален корепетитор.
Целокупниот впечаток го надополни лирскиот глас на актерот Драган Миладиновски од Велес кој на волшебен начин ја донесе поезијата на Пушкин пред присутните. За оние кои не знаат, поетот Державин, чие име го носи нашиот универзитет, извршил силно влијание врз творештвото на Пушкин, што посебно не мотивира да го сработиме овој концерт.
Еден убав микс на емоции кои кај присутните во преполниот амфитеатар на Славјанскиот предизвика овации и враќање на солистката двапати на бис.
Беа изведени:
1. Я Вас любил…- Б. С. Шереметьев
2. Признание – М. И. Глинка
3. Что в имени тебе моем? – А. С. Даргомыжский
4. Я помню чудное мгновенье – М. И. Глинка
5. Ночной зефир – М. И. Глинка
6. В крови горит огонь желанья – М. И. Глинка
7. Не пой красавица при мне – С. Рахманинов
8. Ночь – А. Г. Рубинштейн
9. Старый муж, грозный муж – А. Верстовский
+ Гопак- М. Мусоргский