По повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, во Свети Николе започна нов Меѓународен театарски фестивал „Билазора“.
Денес граѓаните на Свети Николе ја проследија претставата „Женски разговори“ во изведба на Народниот театар „Бора Станковиќ“ од Врање.
Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ од Свети Николе.
Фестивалот е замислен и ќе се реализира како театар во куфер, односно мобилен театар, и ќе трае до 7-ми април оваа година.
Фестивалот го носи името „Билазора“ според истоимениот археолошки локалитет во Овче Поле, во непосредна близина на Свети Николе. Директор на фестивалот е Христо Петрески, а селектор е Трајче Кацаров.