Генералниот директор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, м-р Борче Серафимовски беше дел од јубилејното 10-то Собрание на фондацијата Русский мир, која е основана со указ од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин во 2007-мата година.
Во Москва од 3-ти до 4-ти ноември, 800 делегати од неколку десетици земји се собраа за да разговараат за актуелните проблеми на рускиот свет.
На свеченото отворање на Собранието во Москва беа вклучени истакнати политички и јавни личности, шефови на министерства и оддели, претставници на здруженија на сонародници, универзитетски професори и наставници од руски училишта, автори на учебници, научници, писатели, дипломати, свештенството, културолози и новинари.
Свое обраќање имаше и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.