Во Битола започна шаховскиот турнир „Державин“ – 2017

Креативна работилница во Дневен центар – Свети Николе
14 декември 2017
25-годишен јубилеј на Здружението за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ од Битола
23 декември 2017

Во Битола започна шаховскиот турнир „Державин“ – 2017

Викендов Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ e домаќин на дводневен аматерски шаховски турнир. Турнирот се одржува на 22 и 23 декември 2017 во просториите на нашиот универзитет во Битола.
Турнирот е наменет за членови на шаховски клубови и аматери од 15 до 27-годишна возраст. Судија е Миодраг Јазаџиевски.  Утрешниот ден е резервиран за СИМУЛТАНКА со велемајсторот Влатко Богдановски и доигрување на последните три кола на турнирот.
 
Најдобрите тројца шахисти ќе ги добијат следниве награди:
 
1 место: ЛАПТОП + Златна плакета
2 место: ТАБЛЕТ + Сребрена плакета
3 место: ШАХОВСКИ СЕТ + Бронзена плакета