Вчера, 2.12.2013, во 17:00 часот, во големиот амфитеатар на МСУ – Свети Николе, беше одржан состанок на членовите на Сојузот на здруженија за македонско-руско пријателство и соработка, на кој се разгледуваше состојбата за пререгистрација на друштвата кои членуваат во сојузот, како и можностите да се формираат нови друштва и нивно зачленување во сојузот. Освен претседателите на друштвата и членови на сојузот, на работниот состанок беа присутни и претставници од Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија.
Како главна точка на дневниот ред се најде претставувањето на работната верзија на веб страната на Сојузот и разгледување на постапката за прикачување на информациите од членките. Исто така, беше дискутирано за активностите кои ќе следуваат во претстојната 2014-та година, а беа претставени и идеите за формирање на Младински Сојуз, како и за одржување на свечена руско-македонска вечер со донаторски карактер.
По одржаниот работен состанок, членовите присуствуваа на свечената вечера која беше организирана во ресторан Москва, кој функционира во склоп на МСУ – Свети Николе.
Погледнете дел од фотографиите од настанот:
[g-gallery gid=”1659″ random=”1″ watermark=”0″]