Деновиве Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на професорки од Португалија и Полска во рамките на Еразмус+ програмата. Д-р Елса Барбоса доаѓа од Политехничкиот институт во Бежа, Португалија, а д-р Катаржина Кита-Валенка доаѓа од Универзитетот Јан Кохановски во Келце, Полска.
„Многу ја ценам поканата, и се надевам дека оваа соработка ќе придонесе за повеќе размени помеѓу студенти, професори и административен кадар и за развој на нови проекти помеѓу двете институции. Кога влегов овде се почувствував многу убаво и сметам дека ова е многу важна средина и важно е вакви услови да бидат достапни за сите. Честитки, Меѓународен Славјански Универзитет, за вашите проекти, ги ценам, и се надевам дека ова ќе биде само почеток на соработката помеѓу двете институции“ – изјави д-р Елса Барбоса од Политехнички институт во Бежа, Португалија.
Во рамки на посетата на 1 јуни 2023 година тие остварија средба со проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет и вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.