
Повик за учество на конференцијата „Современи инженерски и економски пристапи кон одржлив развој, управување со отпад и безбедност при работа“
20 ноември 2026Во рамки на студиската програма на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе, на 18 ноември 2026 година беше организирана предвидена практична настава со посета на Казнено-поправниот дом Штип.
Посетата се одржа во просториите на Казнено-поправниот Дом Штип од страна на вработени стручни лица и професор Доц. Д-р. Елена Стојанова Златева.
Истата им овозможи на студентите директен увид во системот за извршување на санкции, преку:
- запознавање со законската и организациска рамка на установата;
- кратка обука и презентација за условите и начинот на функционирање;
- анализа на опременоста на затворот и распределбата на затворениците;
- увид во работата на секторот за ресоцијализација, како и правно-административниот сектор.
Ваквиот вид практична настава е од особено значење за студентите, бидејќи овозможува поврзување на теоретските знаења со нивната примена во реални услови. Преку непосредно запознавање со функционирањето на казнено-поправниот систем, студентите стекнуваат вредни практични искуства, го продлабочуваат разбирањето на правните институции и развиваат компетенции кои ќе им бидат од корист во нивниот понатамошен професионален развој.





