Претставници од студентските тела при МСУ остварија средба со Националниот координатор за реформи во високото образование
24 септември 2024Англија: Михаела Ѓорчева на меѓународен истражувачки симпозиум на Сојузот на кинески и европски бизнис школи
30 септември 2024Меѓународен Славјански Универзитет ќе биде дел од Глобален образовен самит 2024 (Global Education Summit), кој ќе се одржи на Чандигар Универзитетот во Индија. Настанот ќе се одржи под претседателство на добитникот на Нобеловата награда, проф. Герард ‘т Хофт, што му дава дополнителна тежина и значење на форумот.
Михаела Ѓорчева, докторанд на Универзитетот во Љубљана и член на Управен одбор при МСУ, на самитот ќе одржи говор посветен на глобалните соработки за подобрување на одржливоста преку истражување и иновации. Овој форум, кој обединува повеќе од 70 академски лидери од целиот свет, е извонредна можност за МСУ да ги претстави своите визии и да придонесе кон идните глобални предизвици во образованието.
Му се заблагодаруваме на Универзитетот Чандигар за поканата и се радуваме на оваа непроценлива можност за зајакнување на нашите соработки на глобално ниво. Global Education Summit 2024 ќе се одржи од 3 до 5 октомври 2024 година, на кампусот на Чандигар Универзитетот во Индија, кој се простира на повеќе од 100 хектари и е дом на 75.000 студенти.