
МСУ и Независниот синдикат на државна администрација на Македонија потпишаа договор за соработка
6 октомври 2026Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, одржа говор на тема „Promoting Ethical Use of AI for a Sustainable Society“ во рамките на Глобалниот образовен самит (Global Education Summit) во Индија. Излагањето беше посветено на одговорната и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието и општеството, како и на нејзината улога во градењето одржлива иднина.

Со сесијата претседаваше Н.Е. Сена Латиф, амбасадорка на Романија во Индија, а копретседавач беше проф. João Ponciano од Универзитетот во Глазгов, Обединетото Кралство. Во сесијата учествуваа и Sarinthree Udchachone од Универзитетот Махасаракам во Тајланд и Dawid Matuszek од Универзитетот на Шлезија во Катовице, Полска. Учеството на претставници од различни земји и академски средини овозможи размена на искуства и согледувања за примената на вештачката интелигенција и предизвиците што таа ги носи.
Учеството на МСУ продолжува и во следната програмска сесија, во која проф. д-р Марија Гроздановска и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев ќе имаат излагање на тема „Sharing Healthy Practices in the Use of AI-Oriented Technologies to Achieve SDGs“. Нивното излагање ќе се фокусира на здрави и одговорни практики во користењето технологии засновани на вештачка интелигенција за постигнување на Целите за одржлив развој.
Овогодинешниот самит обединува повеќе од 90 глобални лидери и претставници на над 65 универзитети од повеќе од 30 држави, создавајќи простор за меѓународен дијалог за иднината на високото образование.
Преку учеството на самитот, Меѓународен Славјански Универзитет придонесува во дискусиите за одговорната примена на новите технологии, ја продлабочува меѓународната соработка и разменува искуства со академски институции од целиот свет.







