Михаела Ѓорчева одржа две гостински предавања во Универзитетот Утаранчал во Индија
11 октомври 2024Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет беа дел од тренингот за млади лидери “Stronger Students’ Union 2.0”
15 октомври 2024Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот Утаранчал од Индија започнуваат нов КА171 проект во рамките на програмата Еразмус+. Оваа соработка претставува значаен чекор напред во меѓународната размена на знаења и отвора нови можности за академски развој помеѓу Република Северна Македонија и Индија.
За утврдување на деталите за проектот беше остварена средба во просториите на Универзитетот Утаранчал помеѓу основачот на универзитетот д-р Џитендер Џоши, заменик претседателот, Анкита Џоши и Михаела Ѓорчева и Иван Спасев од Меѓународен Славјански Универзитет.
Ова е прва соработка на Меѓународен Славјански Универзитет и универзитет од Индија во рамките на Еразмус+ програмата. Проектот е насочен кон мобилност на студенти помеѓу двете земји, обезбедува поголема поврзаност помеѓу двете институции и го зајакнува меѓукултурното разбирање.
Ова партнерство е важен чекор кон создавање на динамична академска средина каде што студентите и професорите можат да ги развиваат своите таленти и да ги истражуваат можностите за професионален и личен раст. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да вложува во иднината на своите студенти преку вакви значајни меѓународни соработки.