Студиска програма Меѓународно право и меѓународни односи
Едногодишни студии
Име на студиската програма: Меѓународно право и меѓународни односи
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – Меѓународно право и меѓународни односи
Годишна школарина: 1530 евра
Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.
Студиската програма е специјално дизајнирана да одговори на динамичните предизвици во глобалните политички односи и правни регулативи, со фокус на развој на вештини за меѓународни преговори, мирно решавање на спорови и правна анализа.
Последипломски студии
Со својата структура и својот фокус на широк спектар на клучни области програмата обезбедува солидна основа за студентите кои сакаат да се вклучат во меѓународниот правен свет или во меѓународните политички и дипломатски процеси. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.
Програмата Меѓународно право и меѓународни односи е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.
Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.
Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – Меѓународно право и меѓународни односи
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Меѓународно право (јавно и приватно)Задолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународни политички односиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународно право за правата на човекотЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународно договорно правоИзборен
6 ЕКТС
-
Дипломатско и конзуларно правоИзборен
6 ЕКТС
-
Современи политички системиИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Академско пишувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Мирно решавање на споровите во меѓународните односиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Меѓународно воено и хуманитарно правоИзборен
6 ЕКТС
-
Право на ЕУ за заштита на животната срединаИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.