Со проф. д-р Ана Чучкова зборуваме на тема „Денови на психологија“ во единаесеттата епизода од поткастот „На студентско кафе со…“
25 ноември 2024Денови на психологија во Свети Николе: Грижата за себе во фокус
30 ноември 2024Нашите Денови на психологија со централната тема „Грижа за себе“ успешно започнаа на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола. Годинава настанот беше организиран од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет во партнерство со српската платформа Siguran Prostor / Feel Safe Hub и нејзиниот основач, Милица Крстиќ.
Воведното обраќање на настанот беше од проф. д-р Ана Чучкова, продекан на Факултетот за психологија, која раскажа за почетоците на овој настан и како растеше и се развиваше низ годините. Првата панел дискусија модерирана од Марјан Георгиевски понуди длабински увиди и корисни совети за лична и професионална одговорност. Главната тема беше „Одговорност – што е до нас и што можеме да направиме“, а учествуваа истакнати експерти од областа на психологијата:
- проф. д-р Ана Чучкова, професор на МСУ,
- доц. д-р Марина Кузмановска, лиценциран психолог и гешталт советник,
- д-р Благица Ваниќ, сертифициран гешталт тренер и супервизор.
Втората панел дискусија беше на тема „Борба против токсична организациска култура – поддршка и развој на работни средини кои се позитивни за менталното здравје“, а говореа:
- доц. д-р Фросина Денкова Зафировска, директор за човечки ресурси во ИТ Лабс
- Рената Гошевска, Lead Employer Branding Consultant во IWConnect, магистер по е-бизнис менаџмент
Настанот привлече учесници од различни профили – професионалци од областа на психологијата, студенти и љубители на психологијата, сите со заедничка цел: подобрување на личната благосостојба и разбирање на концептот на грижата за себе.
Нашите Денови на психологија продолжуваат утре во Свети Николе со богата програма исполнета со нови панели и активности. Ве покануваме да ни се придружите и да станете дел од ова уникатно искуство кое инспирира и мотивира!