5-ти октомври и годинава го одбележавме како ден посветен на наставниците и нивната благородна професија.
Денес, со одбележување на Светскиот ден на наставниците се заблагодаруваме на сите наставници за придонесот што го даваат за развивање и унапредување на општеството преку нивната работа (особено во ова време на пандемија), а со тоа и создавање на подобро утре.