На Светскиот ден на храната, 16-ти октомври, во просториите на нашите долгогодишни соработници СОУ Кочо Рацин – Свети Николе, учениците и професорите заедно со студентите од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираа активност посветена на здравата храна.
Манифестацијата ја отвори директорката на СОУ „Кочо Рацин“, Маринела Зафирова. Во холот на училиштето беа изложени јадења кои традиционално се подготвуваат во нашиот крај, а по отворањето на манифестацијата, посетителите беа послужени со подготвената храна.