На 16.10.2015, петок, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола нашиот Факултет за правни науки потпиша Меморандум за соработка со Дирекција за заштита на лични податоци.
Со потпишувањето на овој Меморандум Дирекцијата им отвора врати на нашите студенти за потенцијално изведување на практична настава и соработка на различни полиња.
Потписници на Меморандумот беа директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓорѓиевски, и Деканот на Факултетот за правни науки при Славјански – доц. д-р Александар Илиевски.
По потпишувањето на Меморандумот се одржа и предавање од областа на заштитата на личните податоци. Се говореше за тоа колку граѓаните се запознаени начините за заштита на приватноста и заштита на нивните лични податоци.