
ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет ја заврши полусезоната на врвот на табелата
23 ноември 2026Денес, 24 ноември 2026, на Меѓународниот Славјански универзитет на кампус Битола, се одржа заедничка креативна инклузивна работилница, реализирана по иницијатива на студентите од четврта година при Факултетот за психологија во Битола, под менторство на проф. Анита Ристеска, во соработка со учениците и стручниот тим од ОУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола.
Водена од пораката „Не мора да бидеме исти за да припаѓаме заедно“, работилницата имаше за цел да поттикне чувство на прифатеност, сигурност и припадност кај учениците, како и да го развие нивното креативно изразување и самодоверба. Истовремено, студентите имаа можност практично да ги применат принципите на емпатија, активно слушање и поддршка на индивидуалните разлики.




Заедничкото создавање уште еднаш ја потврди клучната мисија: Едно срце – многу различности – еднаква вредност!
Голема благодарност до учениците и стручниот тим на ОУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола, како и до студентите за иницијативата, отвореноста, креативноста, посветеноста и хуманата порака што ја испратија со оваа работилница.
Инклузијата не е само идеја за која зборуваме. Таа е вредност што ја живееме, став што го негуваме и заедница што заедно ја создаваме.





