
Обука за Еразмус+ координатори во Струга
17 ноември 2026На 17 ноември 2026 година, во Киноверзум Велес се одржа вториот настан од овогодишното издание на „Денови на психологија 2026“, во организација на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.
Настанот беше посветен на темата „Лавиринтот на емоциите – Самосознавање и прифаќање“, со акцент на разбирањето на сопствените чувства, емоционалната интелигенција и начините на кои емоциите влијаат врз нашето однесување и меѓучовечките односи.

Посебен дел од настанот беше проекцијата на филмот „Јас сум Роки“, која претставуваше дополнително филмско доживување за присутните, но истовремено послужи и како главен материјал за психолошка анализа и дискусија. Преку филмската приказна, учесниците имаа можност да размислуваат за препознавањето и прифаќањето на емоциите, внатрешните конфликти, личните предизвици и начините на справување со нив.
Во дискусијата учествуваа проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, доц. д-р Милена Спасовска, м-р Илинка Васкова, специјализант на медицинска психологија, и арт-терапевтот Цветанка Бурзевска, кои придонесоа за разгледување на темата од различни психолошки перспективи.

Со оваа средба, „Денови на психологија 2026“ го продолжија своето патување низ пет градови под заедничката тема „Светот во нас“, создавајќи простор за учење, размена на размислувања и подлабоко разбирање на човечкиот внатрешен свет.
Следната средба ќе се одржи на 25 ноември во Штип, со тема „Архитектура на умот – Карта на внатрешниот пејзаж“.





