
Меѓународен Славјански Универзитет на B20 самит во Вашингтон
13 ноември 2026Од 10 до 12 ноември 2026 година, во Струга се одржа тридневен семинар за Еразмус+ координатори од високообразовните институции, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Меѓународен Славјански Универзитет зазеде учество, преставуван од Викторија Велкова, асистент на Еразмус+ координаторот при универзитетот.
Семинарот беше посветен на инклузијата и еднаквиот пристап до Еразмус+ мобилностите, транспарентните постапки за избор на учесници, дигитализацијата на процесите и подготовките за реакредитација на Еразмус повелбата за високо образование (ECHE).

Преку интерактивни работилници, практични вежби и размена на искуства, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да се запознаат со добри практики за поефикасно спроведување на Еразмус+ програмата.
Стекнатите знаења и препораки ќе придонесат за понатамошно унапредување на меѓународната соработка и квалитетот на мобилностите на Меѓународен Славјански Универзитет.





