
Меморандум за соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи
11 ноември 2026Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше на B20 USA Summit 2026, кој од 9 до 11 ноември се одржа во Вашингтон, САД, во организација на Американската стопанска комора (U.S. Chamber of Commerce).
B20 е официјален форум за соработка со приватниот сектор во рамките на Г20, кој обединува водечки претставници на бизнис-заедницата, меѓународни компании и креатори на јавни политики од најголемите светски економии. Ова е првпат самитот да се одржува во Соединетите Американски Држави.
Свеченото отворање го предводеше Сузан Кларк, претседателка и главна извршна директорка на Американската стопанска комора. Програмата вклучуваше и концерт на светски познатата пејачка Џенифер Хадсон, добитничка на наградите Еми, Греми, Оскар и Тони, како и настапи на други американски музички изведувачи.



Во текот на самитот беа одржани бројни панели и дискусии посветени на глобалниот економски раст, меѓународната трговија, инвестициите, иновациите и вештачката интелигенција.
Особено значајни од перспектива на високото образование беа дискусиите за иднината на пазарот на трудот, растечката побарувачка за квалификувани кадри и потребата од усогласување на образованието со променливите потреби на глобалната економија. Меѓу нив беше и сесијата организирана од BlackRock, посветена на развојот на квалификувана работна сила за следната фаза на економски раст. BlackRock е една од најголемите светски компании за управување со инвестиции, со седиште во Њујорк, која управува со финансиски средства во вредност од повеќе илјади милијарди долари.
За Меѓународен Славјански Универзитет, учеството на вакви меѓународни настани претставува можност за следење на глобалните економски и општествени трендови, размена на искуства и поврзување на високото образование со реалните потреби на бизнис-секторот.










