
Потпишување Меморандум за соработка со SIERG и Italian Business School во Ерменија
5 ноември 2026Претставници на Меѓународен Славјански Универзитет денес учествуваат на меѓународната научно-теоретска конференција „Безбедност, вештачка интелигенција и економија“, организирана од Академијата за национална и информациска безбедност (АНИС) во Пловдив, Република Бугарија.
Меѓународен Славјански Универзитет на конференцијата го претставуваат проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултетот за правни науки, проф. д-р Марија Гроздановска, проректор за меѓународна соработка и развој, доц. д-р Мартин Ѓоргиев, генерален секретар на МСУ, и доц. д-р Милена Спасовска, продекан на Факултетот за психологија при МСУ.
Академијата за национална и информациска безбедност е долгогодишен партнер на Меѓународен Славјански Универзитет. Двете институции негуваат успешна академска соработка преку заеднички научни активности, меѓународни конференции, размена на знаења и искуства, како и иницијативи насочени кон унапредување на високото образование и научноистражувачката дејност.
Овогодинешната конференција отвора значајни прашања поврзани со меѓусебното влијание на безбедноста, вештачката интелигенција и економските процеси – области што имаат сè поголемо значење за развојот на современото општество.
Учеството на претставниците на МСУ е дел од континуираната заложба на Универзитетот за интернационализација, зајакнување на академските партнерства и создавање нови можности за соработка меѓу универзитетите и научната заедница.








