
Финансиска едукација на Меѓународен Славјански Универзитет во соработка со Шпаркасе Банка
5 ноември 2026Во рамки на официјалната посета на Ерменија и учеството на меѓународната конференција организирана од Европскиот универзитет на Ерменија во Ереван, Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандум за соработка со SELART International Education and Research Group (SIERG) од Женева, Швајцарија, и Italian Business School од Ереван, Ерменија.
Меморандумот го потпишаа:
– Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет;
– д-р Џон Бајрамијан, генерален секретар на SELART International Education and Research Group (SIERG);
– д-р Вахрам Согомонјан, ректор на Italian Business School.
Со потпишувањето на овој меморандум се отвораат нови можности за меѓународна академска соработка, заеднички образовни и истражувачки проекти, мобилност на студенти и наставен кадар, професионална едукација и развој на иновативни образовни иницијативи.Соработката опфаќа и можности за развој на заеднички студиски програми, академско вмрежување, меѓународна сертификација и размена на знаења и искуства. Преку партнерството се создаваат дополнителни можности за поврзување со образовни и истражувачки институции од Европа и пошироко, во рамки на глобалната образовна мрежа SELART.
Соработката опфаќа и можности за развој на заеднички студиски програми, академско вмрежување, меѓународна сертификација и размена на знаења и искуства. Преку партнерството се создаваат дополнителни можности за поврзување со образовни и истражувачки институции од Европа и пошироко, во рамки на глобалната образовна мрежа SELART.


Посетата на Ерменија претставува значаен чекор во проширувањето на меѓународната мрежа на партнери на Меѓународен Славјански Универзитет. Покрај учеството на конференцијата и средбите со претставници на Европскиот универзитет на Ерменија, потпишувањето на овој меморандум дополнително ја зацврстува определбата на Универзитетот за интернационализација и развој на долгорочни академски партнерства.
Веруваме дека иднината на високото образование се гради преку соработка, размена на знаења и создавање можности што ги надминуваат националните граници.








