
Студентки на Меѓународен Славјански Универзитет учествуваат во меѓународната BIP програма во Романија
1 октомври 2026На кампусот на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа свечениот прв академски час, со кој беше означен почетокот на академската 2026/2027 година. Настанот беше можност новите студенти да се запознаат со универзитетската заедница и свечено да ги добијат своите индекси.
Отворањето го означи поздравниот говор на претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, кој им посака добредојде на студентите и успешна академска година, исполнета со нови знаења, личен развој и значајни достигнувања.
На свеченоста присуствуваа ректорот, проф. д-р Васко Стамевски, и претставници на факултетите. Индексите на новите студенти им беа врачени од проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, декан на Факултетот за психологија; проф. д-р Иван Ефремов од Факултетот за правни науки; проф. д-р Габриела Крстева, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништвото; и проф. д-р Слободан Бундалевски, продекан на Факултетот за технички науки и информатика.
Во рамки на настанот беше спомената и соработката со Кариера.мк, со која МСУ има потпишано меморандум за соработка, како дел од заложбите за поврзување на образованието со професионалниот развој на студентитe.
На сите нови студенти им посакуваме успешен почеток, многу инспирација и истрајност во остварувањето на нивните цели. Добредојдовте во академското семејство на МСУ!





























