
Прв академски час на Меѓународен Славјански Универзитет
30 септември 2026Две студентки од Меѓународниот Славјански Универзитет учествуваат во комбинираната интензивна програма (BIP) на тема „Public Administration and the National Cultural Heritage“ („Јавната администрација и националното културно наследство“), организирана од Универзитетот „1 Декември 1918“ во Алба Јулија, Романија, во рамки на програмата Еразмус+.
Програмата им овозможува на студентките да ги продлабочат своите знаења за јавната администрација и нејзината улога во зачувувањето и промовирањето на националното културно наследство. Учеството во меѓународна академска средина е можност за размена на идеи и искуства, запознавање со различни пристапи и воспоставување нови академски контакти и пријателства.
Преку ваквите мобилности, МСУ го поддржува академскиот и личниот развој на своите студенти, овозможувајќи им да стекнат искуства што го збогатуваат нивното образование и ги прошируваат нивните перспективи.









