
Еразмус+ програма: Пријавете се за студентска размена во Романија
11 септември 2026Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше на годишната конференција TAOM 2026, која се одржа во Измир, Турција, во организација на Турската академија за менаџмент (Turkish Academy of Management).На конференцијата МСУ го претставуваа Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, член на Управниот одбор.
Во текот на настанот, претставниците на МСУ имаа можност да се сретнат и да разменат искуства со членови и претседатели на академиите за менаџмент од Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Турција. Средбите придонесоа за воспоставување нови академски контакти, размена на идеи и разгледување можности за идна регионална соработка во областа на менаџментот.
Ова е трет настан на кој Меѓународен Славјански Универзитет учествува во текот на оваа година во рамките на Academy of Management – најголемата светска организација што ги обединува професорите и истражувачите од областа на менаџментот.
Особено значајно е што во моментов се развива платформа за основање огранок на Academy of Management во Македонија. Оваа иницијатива ќе отвори нови можности за поврзување на академската заедница во земјата со меѓународни професионални и истражувачки мрежи.
Како дел од програмата, учесниците го посетија и античкиот град Ефес, каде што имаа можност подобро да се запознаат со богатото културно и историско наследство на регионот.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да ја поддржува меѓународната академска соработка и поврзувањето со академските заедници во регионот и пошироко.
Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да ја поддржува меѓународната академска соработка и поврзувањето со академските заедници во регионот и пошироко.










