Студиска програма
Политички студии

Збирно сите студиски програми 1080 x 1080  – pravni studii

Четиригодишни студии

Име на студиската програма: Политички студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Академски назив: дипломиран политиколог
Годишна школарина: 1850 евра

Студиската програма Политички студии нуди систематско и продлабочено образование во областа на политичките науки и е насочена кон разбирање на политичките процеси, институциите и односите што го обликуваат современото општество.

Во текот на студиите студентите стекнуваат знаења за државата, политичката моќ, демократијата, политичките системи и институции, политичките идеи и идеологии, политичките партии, изборните системи и меѓународните политички односи. Програмата овозможува студентите да го разберат начинот на кој функционира политичкото владеење, како се носат одлуките и како се воспоставуваат односите меѓу државата, институциите, граѓанското општество и меѓународното окружување.

Студиската програма ги поврзува политичките науки со знаења од правото, економијата, социологијата и меѓународните односи, со што студентите добиваат поширока перспектива за анализа на политичките и општествените процеси. Посебен акцент се става на развивање на аналитичко и критичко мислење, аргументација, академско изразување и способности за самостојно истражување и анализа.

Додипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Студиската програма е со времетраење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 40 предмети кои по дипломирањето обезбедуваат 240 ЕКТС кредити.

Студиите се наменети за оние кои сакаат подлабоко да ги разберат политичките системи, функционирањето на институциите, политичките процеси и односите меѓу државата и општеството.

Тие се соодветен избор за студенти кои имаат интерес за политичките науки, функционирањето на јавната власт, политичките партии и изборните системи, меѓународните политички односи и современите општествени процеси, како и за оние кои сакаат да развијат способности за критичка анализа, истражување и аргументирано толкување на политичките појави.

По завршувањето на студиите, дипломираните студенти ќе располагаат со знаења и компетенции применливи во институциите на државната власт, јавната администрација, локалната самоуправа, меѓународните организации, дипломатско-конзуларните претставништва, невладините организации, аналитичките центри, истражувачките институти и медиумскиот сектор, како и во други организации поврзани со анализа на политичките процеси и институционалното функционирање.

Програма
четиригодишни студии

1 семестар

  • Вовед во правото
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Вовед во наука за политиката
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Академско пишување
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Економика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Економско казнено право
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Граѓанско општество
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социјална психологија
    Изборен

    6 ЕКТС

2 семестар

  • Уставно право
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Политичка социологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Политичка економија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Управување со човечките ресурси
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Криминал и човекови права
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Модели на демократија
    Изборен

    6 ЕКТС

3 семестар

  • Меѓународни организации
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Политичка идеологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Современи политички системи
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Политички теории
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на политичко лидерство
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Меѓународни економски односи
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик 2
    Изборен

    6 ЕКТС

4 семестар

  • Мултикултурализам и политичка антропологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Меѓународно јавно право
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Административно право
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Криминална политика и криминологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Корпоративно управување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Политички партии
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Политички менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

5 семестар

  • Меѓународни односи
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Административна култура
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Изборни системи
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Меѓународно право за права на човекот
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Право на азил и миграции
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Англиски 3
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Номотехника
    Изборен

    6 ЕКТС

6 семестар

  • Трговско право
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Геополитика и Геостратегија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Алтернативно решавање на спорови
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Дипломатски протокол и кореспонденција
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Односи со јавноста и креирање на јавно мислење
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Деловна етика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Економски систем и економска политика
    Изборен

    6 ЕКТС

7 семестар

  • Право на ЕУ
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Економска дипломатија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Надворешна политика и надворешно политичка анализа
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Политички маркетинг
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Управување со промените
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Јавни финансии
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Меѓународно трговско право
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Власт и привилегија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Криминал и злоупотреба на власта
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Антикорупциско право
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Дипломска работа
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Меѓународна арбитража
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Геоекономија и глобални финансии
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Јавна администрација
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, државна стручна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за положена државна, државна стручна или меѓународна матура (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Државјанство;
  • Лична карта (на увид)
  • 2 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1850 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image