
Претставници од турските универзитети Окан и Бинали Јилдирим во Еразмус+ посета на МСУ
20 јули 2026Меѓународен Славјански Универзитет оваа недела е домаќин на Елиф Мутлуџан, Илким Јуксел, Сибел Сами и Сибел Дилер од Универзитетот Окан, Република Турција.
Нивната посета се реализира во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамките на посетата, гостите се сретнаа со тимот на Канцеларијата за меѓународни односи, а средбата беше посветена на размена на искуства, добри практики и можности за продлабочување на меѓународната соработка.
Во рамките на посетата, тие имаа можност да го разгледаат кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и да се запознаат со неговите просторни и академски капацитети.
Ваквите Еразмус+ мобилности придонесуваат за унапредување на институционалната соработка, размена на знаења и искуства и развој на нови можности за заеднички активности меѓу Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот Окан од Република Турција.
Еразмус+ програмата за мобилност на административен кадар освен што претставува значајна можност за професионално усовршување, таа овозможува и воспоставување нови иницијативи за меѓународна соработка меѓу партнерските универзитети.




