
Давос: Михаела Ѓорчева модерираше панел со ко-основачот на Тетрис и генералниот секретар на Интерпарламентарната Унија
26 јануари 2026На 26 декември 2025 година, Јавната установа Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп свечено одбележа голем јубилеј – 80 години постоење, осум децении посветена работа во служба на книгата, знаењето и културниот развој на заедницата.
Јубилејот беше одбележан со пригодна свеченост на која беа истакнати достигнувањата на библиотеката, нејзината улога во образовниот и културниот живот, како и значењето на институционалната соработка и поддршка.




Меѓународниот Славјански Универзитет ја прими благодарницата за особен придонес во функционирањето и развојот на библиотеката, како признание за донацијата од 100 книги, кои значително го збогатуваат библиотечниот фонд и се на располагање на читателите од различни генерации.
Меѓународниот Славјански Универзитет уште еднаш ја потврди својата мисија и општествена одговорност во поддршката на културата, образованието и промоцијата на читањето, придонесувајќи кон зајакнување на врските помеѓу образовните и културните институции и поттикнување на љубовта кон книгата кај пошироката јавност.




