
Амбасадорката Џјанг Шјиаојан во посета на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе
2 декември 2025
Меѓународен Славјански Универзитет со иницијатива за поттикнување на инклузивноста во образованието
3 декември 2025Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на делегација од Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност на административен кадар. Делегацијата беше предводена од проф. д-р Ана Иванова, институционален координатор за Еразмус+ програмата при Одделот за меѓународни односи и Заменик ректор за Меѓународни односи.
Главната цел на посетата беше унапредување на постојната соработка и развивање нови можности за заеднички активности во областа на втор и трет циклус на студии. Дискутираа за повеќе стратешки теми, меѓу кои:
- развој на филијалата за магистерски студии,
- привлекување на странски студенти од подалечни земји,
- проширување на понудата со нови магистерски програми,
- евалуација на тековната соработка во областа на докторските студии,
- и потенцијални заеднички проекти за академска и научна соработка во иднина.

Посетата претставува нов импулс во градењето на интегриран модел за високо образование кој ќе одговори на современите предизвици и ќе понуди конкурентни академски програми за студенти од земјата и странство.





