
Практична настава за студентите од Факултетот за правни науки: Посета на КПУ Затвор-Куманово
19 ноември 2025Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор на МСУ, и Иван Спасев, член на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, беа дел од официјалната делегација на 30. Самит за партнерства, одржан на универзитетскиот кампус на Андра Универзитетот во Вишакапатнам, Индија. Настанот беше организиран од Конфедерацијата на индиската индустрија (Confederation of Indian Industry – CII) и претставуваше еден од најзначајните меѓународни економски форуми во регионот.
Свеченото отворање на самитот го предводеа Потпретседателот на Индија, Ч. П. Радакришнан, и Гувернерот на Андра Прадеш, Сајед Абдул Назир, во присуство на високи претставници од индиската влада, меѓу кои и Министерот за трговија и индустрија, Пијуш Гојал, како и Главниот министер на Владата на Андра Прадеш, Чандрабабу Наиду.










Во рамки на официјалната програма, Михаела Ѓорчева учествуваше како говорник на две тематски сесии, од кои едната беше заедничка сесија со министерката за благосостојба на жените и децата на Андра Прадеш. Таа имаше излагање и на тркалезната маса „Индија – Европа: бизнис партнерства“, каде се осврна на значењето на иновациите, дигиталната трансформација и интернационалната соработка во високото образование.
Самитот обедини над 30 држави, вклучувајќи министри, амбасадори, академски институции и водечки компании, кои дискутираа за идните правци на глобална соработка во области како што се технологијата, одржливиот развој и образованието. Настанот претставуваше извонредна можност за вмрежување, размена на искуства и развој на нови стратешки партнерства.




