
Пријавување за Денови на психологија со актуелната тема „Информациски хаос и психолошки мир“
11 ноември 2025Михаела Ѓорчева од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваше како говорник на сесијата „Напредуваме заедно и одговорно преку иновации, технологија и вештачка интелигенција“, која се одржа во рамки на високиот бизнис форум во Вишакапатнам, Андра Прадеш, Индија.
Настанот „Индија – Европа: бизнис партнерства“ беше организиран од Конфедерацијата на индиската индустрија, во соработка со Владата на Андра Прадеш. Поканата за учество беше официјално упатена од д-р Алпа Антани, директор во меѓународниот сектор на Конфедерацијата на индиската индустрија.









Во своето излагање, Михаела Ѓорчева се осврна на значењето на образованието во процесот на одговорно управување и развој на технологијата. Таа ја нагласи мисијата на Меѓународен Славјански Универзитет да создава генерации кои се подготвени да се соочат со технолошките и етичките предизвици што ги носи новата технологија.
Сесијата обедини претставници и експерти од повеќе европски земји, меѓу кои Германија, Австрија, Франција и Обединетото Кралство. Програмата беше свечено отворена од високи функционери на Владата на Андра Прадеш, вклучувајќи го Главниот министер Чандрабабу Наиду. Во своите обраќања, учесниците ја потенцираа важноста на соработката меѓу Индија и Европа како основа за нови партнерства, иновации и одржлив економски развој.
Андра Прадеш е индиска држава позната по својот динамичен економски раст, силната поддршка за стартапи и технолошки паркови, како и по стратегиската ориентација кон одржливи индустрии. Поради овие особености, таа претставува важна локација за глобални дискусии за иднината на иновациите и технолошкиот развој.
На 15 ноември, Михаела Ѓорчева ќе има свое обраќање и на уште еден значаен меѓународен настан во Вишакапатнам, официјално отворен од Потпретседателот на Индија. Настанот ќе продолжи со дискусии за партнерствата меѓу Европа, Индија и светот, со фокус на бизнисот, образованието, дигиталната трансформација и одржливоста.




