
Потпишан Меморандум за соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје
4 ноември 2025Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од свечениот прием организиран од Австриската амбасада во Скопје, по повод Националниот празник на Австрија кој се одржа во Националната опера и балет. На настанот кој обедини значајни личности од културата, образованието и дипломатијата од МСУ присуствуваа Михаела Ѓорчева, Иван Спасев и проф. д-р Марија Гроздановска. Благодарност до Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Австрија во Република Северна Македонија и неговата сопруга г-ѓа Аида Памер за нивниот топол прием. Австрија останува докажан пријател на нашата земја.



Богатата програма вклучуваше виенска и австриска музика во изведба на Градскиот хор Берндорф, Оркестарот на НОБ, концерт на Македонскиот воен оркестар и изложба на слики од Регина Хадраба и македонски студенти. Присутните имаа можност и за дегустација на внимателно одбрани вина. Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваше и на изложбениот штанд на винаријата Фудтопија, која го претстави автентичното овчеполско вино, симбол на нашето земјоделско богатство, традиција и културен идентитет.



Во рамки на настанот се оствари и кратка пријателска средба со Н.Е. Сатибалди Буршаков, амбасадор на Казахстан во Република Северна Македонија. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да биде активен партнер во градењето на вредности што ги поврзуваат образованието, културата и иднината на нашите млади генерации.





