
Студенти од Факултетот за правни науки во едукативна посета на Основен суд Свети Николе
28 октомври 2025Денес Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот Финра од Тузла, Босна и Херцеговина, потпишаа Договор за деловна соработка и партнерство, со кој се воспоставува долгорочна рамка за академска, научна и професионална соработка меѓу двете институции.
Договорот го потпишаа проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор при Меѓународен Славјански Универзитет и проф. д-р Исмет Калиќ, претседател на Управен одбор при Универзитет Финра Тузла. На потпишувањето присуствуваше и проф. д-р Хаџиб Салкиќ, ректор на Универзитет Финра.
Со овој договор двете институции се обврзуваат на заедничка реализација на активности насочени кон унапредување на високото образование и применетата наука преку:
- организирање професионални, научни и едукативни настани,
- размена на студенти, наставници и експерти,
- развој на специјалистички обуки и истражувачки програми,
- усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд,
- реализација на студентски практики и стажирања под менторство,
- учество во заеднички проекти поддржани од европски фондови и програмата Erasmus+.
Соработката, исто така, опфаќа и размена на професионална и научна литература, промовирање на иновативни образовни методи, како и создавање можности за стипендии и вработување на студенти по завршени студии.
Потпишувањето на овој договор претставува значаен чекор во јакнењето на регионалната академска поврзаност и во градењето на мостови меѓу универзитетите од Западен Балкан.
Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на развој на современо, отворено и меѓународно ориентирано образование кое создава реални можности за студентите, академскиот кадар и пошироката заедница.






