Ве покануваме на Кино Х Гејминг, првиот настан од ваков вид во Велес! Киноверзум и Меѓународен Славјански Универзитет со гордост го претставуваат Kino X Gaming – дводневен настан што комбинира гејминг на PS5, филмски проекции под отворено небо, натпревари, награди и незаборавна летна атмосфера во Градскиот парк во Велес.
Настанот е дел од манифестацијата „Велешко лето“ организиран од Општина Велес и ветува незаборавно доживување за сите возрасти.
📍 Локација: Градски парк, Велес
📅 Датум: 14 и 15 јули 2025
🎟 Влез: Бесплатен
🕢 Почеток: Од 19:00 часот
Во текот на двете вечери имате можност да се натпреварувате на PlayStation 5 во популарната игра Injustice 2 како тим од двајца учесници кои играат еден против друг. Секој учесник ќе избере свој лик од DC универзумот како Супермен, Харли Квин, Џокер и други. Не е важно дали претходно сте играле, важно е да се забавуваме.
Гејмингот е исклучиво 1 на 1, без елиминации, финале или турнирски напредувања. Секој тим игра само една рунда 1 на 1, со цел да им овозможиме на што повеќе посетители да учествуваат и да уживаат во искуството. Фокусот е на забавата и дружбата.
Имаме и дополнителни мали игри на отворено во кои можете да освоите симбилични награди како брендирани чаши, мауспадови, магнети, влезници за кино и други подароци
Настанот се одржува целосно на отворено во Градскиот парк во Велес во вечерните часови под ѕвездено небо. Ќе има ограничен број места за седење, поставени директно на тревната површина.