
Еразмус+ мобилност: Гизем Емир од Истанбулскиот Универзитет Билги, Турција на МСУ
8 април 2025
Пријавете се на стручна работилница: „Музикотерапијата како современа иновативна алатка“
16 април 2025Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од комбинираната интензивна програма организирана од страна на Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија, во рамки на Еразмус+ програмата. Програмата, насловена како “Education, Business, Security: Protecting Young People in the Era of Artificial Intelligence”, се одржа од 7. април до 11. април 2025 година и беше наменета за студенти.
Во програмата учество земаа пет студенти од Меѓународен Славјански Универзитет во Битола. Тие имаа можност активно да учествуваат во предавања и практични работилници посветени на современи предизвици и решенија поврзани со образованието, бизнисот и безбедноста во добата на вештачка интелигенција. Преку интерактивни сесии и групна работа, студентите се запознаа со иновативни пристапи за заштита на младите во дигиталното општество.
Преку ваквите меѓународни програми, студентите не само што го збогатуваат своето академско искуство, туку и се подготвуваат за реалниот свет преку практична примена на стекнатите знаења. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да вложува во можности што овозможуваат личен и професионален раст на своите студенти.






